Притвор за скопјанец осомничен за слоупотреба на безвизниот режим

Од:

Отсекот за трговија со луѓе при СВР – Скопје, поднесена е кривична пријава против А.И.(57) од Скопје осомничен дека извршил кривично дело „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на шенгенскиот договор“.

Пријавениот скопјанец во периодот од 2013  година организирал и транспортирал повеќе државјани на Република Македонија од повеќе градови на државата во земјите членки на ЕУ како баратели на азил.

А.И. организирал група на транспортери и ги користел своите патнички моторни возила, како и возилата кои ги изнајмувал од пријатели за паричен надомест. Откако ќе организирал група на баратели на лажен азил по цела територија на Република Македонија тој ги транспортирал и на разни начини организирал транспорт во земјните членки на ЕУ.

Од МВР денеска појаснуваат дека А.И. по предходен договор и добиениот аванс по лице од 150 евра на почетокот на јули 2013 година организирал група од 18 лица кои се чекале кај бензинската пумпа кај гробиштата „Бутел„ и со сопственото возил „Волсваген Шаран„ со скопски регистарски таблици ги транспортирал македонските државјани преку ГП „Богородица„. Откако ги внел во Грција ги качил на траект патниците баратели на лажен азил,а траектот ите сами го платиле по 35 евра по лице. Од Италија продолжиле со истите возила преку Австрија до Германија до градот Дортмунт во кој бил лоциран главниот камп за баратели на азил каде за транспортот доплатиле уште по 150 евра.

Во средината на јули 2013 година, се посочува во со општението, тој исто така организирал помала група од шест-седум лица и исто како и во претходниот случај им земал капар од по 150 евра од патник и откако ги земал од договореното место на Бит Пазар по истата маршута со сопственото возило ги транспортирал државјаните на РМ преку ГП „Богородица„ во Грција потоа со  траект до Италија. Од Италија преку Австрија ги транспортирал до кампот за азил во Дортмунт – Германија. Пријавениот исто така им наплатил уште по 150 евра откако ги транспортирал до пред кампот за азил во Дортмунд, Германија.

Во средината на септември 2013 година А.И. организирал поголема група лица од други градови баратели на азил кои ги транспортирал со три патнички моторни возила, кои поминале на ГП „Блаце„, но пријавениот имал договорено да не ги регистрираат на премините од каде транспортот продолжил преку Косово, Црна Гора, Србија, Унгарија, Австрија се до Германија до кампот во Дортмунд каде лицата барале азил.

Осомничениот е приведен и од страна на Судија во предходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

А.И. минува во евиденција за сторени повеќе дела за кои му се поденесувани кривични пријави по член 378 “фалсификување исправа”, по член 137 “повреда на рамноправноста на граѓаните” и по член 261 “прикривање”.

Би можело да ве интересира

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Откриена е криминална група за посредување во проституција и илегална трговија со дрога

Горан Наумовски

Четворица приведени за пукањето во Чаир, двајца биле затвореници од „Идризово“

Санкции поради неправилности при вршење јавен превоз со автобус

Предраг Петровиќ

Преку лажни профили на МВР и Интерпол се нуди помош за измамени во “Конти“, предупредува полицијата

Катерина Ѓуровски

Отворен пункт за лични документи во Сарај