А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Притвор за скопјанец кај кого се пронајдени 5 килограми марихуана

by А1он28/03/2013 - 13:24144
Share0

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, до надлежното Основно Јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против А.З. (41) од Скопје, осомничен дека сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Следете a1on на Instagram Instagram

При реализацијата на случајот пронајдени се и одземени вкупно 4,998 килограми марихуана. Од страна на истражен судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 15 дена.

МВР денеска соопшти дека вчера заради расчистување на кривични дела од областа на имотните деликти, како и обезбедување материјални докази од страна на СВР Скопје – Одделението за имотни деликти  од страна на припадници на Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје и ЕБК „Алфа“ извршен е претрес во домот на А.З. во Скопје.

При претресот пронајдена е  патна торба  со  5 пакувања облепени со селотејп лента со тежина од речиси пет килограми и една најлон кесичка со 8,36 грама марихуана по што А.З. е приведен во службените простории на СВР Скопје ККИ -ЕНТДО.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во извршениот разговор А.З. појаснил дека пред неколку дена торбата со марихуана му ја донесол негов другар за да му ја причува.

Пријавениот, инаку минува во евиденциите на МВР како сторител на кривични дела од областа на имотните деликти.

drogamvr

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он12/11/2026 - 20:3512/11/2026 - 20:35

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Горан Наумовски11/11/2026 - 15:47

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 13:19

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Горан Наумовски05/11/2026 - 17:50

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Катерина Ѓуровски05/11/2026 - 10:53

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Горан Наумовски03/11/2026 - 08:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео