Притвор за шверц на дрога на граничниот премин Деве Баир

Од:

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На осомничениот за кривичното дело му е определен привор од 30 дена.

Осомничениот, како што информираа денеска од ЈО, на 7 март, при излез од државава на граничниот премин Деве Баир, неовластено пренесувал наркотична дрога хашиш со вкупна нето маса од околу 8,3 килограми и марихуана со вкупна нето маса од околу 4,9 килограми.

Дрогата, наведува во соопштение ЈО, осомничениот претходно ја набавил од лице во Република Албанија, а потоа се обидел да ја пренесе во Република Бугарија, но, бил откриен од царинските службеници на граничниот премин Деве Баир.

– Поради опасност од бегство, можност да влијае врз постапката или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Куманово достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, велат од ЈО.

Би можело да ве интересира

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Рекордна заплена на дрога во Чиле – фатени се над 100 тони кокаин вредни околу 8,3 милијарди долари

А1он

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он

20 килограми кокаин запленети во Србија – уличната вредноста на дрогата достигнува и до 5 милиони евра

А1он