Притвор за С.Х. кој ја застрела девојката од Јажице

Од:

Триесет дена притвор вчера му определил судија во претходна постапка при Основниот суд Тетово на С.Х.(26) од тетовско Џепчиште како осомничен дека во понеделникот ја застрелал Р.Д.(20) од Јажице.

– Против осомничениот полицијата поднела кривични пријави за две дела убиство и недозволено држење оружје и распрскувачки материјали, потврди портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

С.Х. уште синоќа веднаш бил префрлен за издржување на казната во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Тој во понеделникот околу 16 часот на паркингот пред супермаркетот „Веро“ во Тетово со два истрела од пиштол и нанел две влезни рани на Р.Д. во плешката по што избегал.

Повредената девојка веднаш била префрлена во тетовската болница и потоа како итен случај препратена на скопските клиники, но и покрај сите напори таа како последица на здобиените повреди и изгубената голема количина на крв починала. Осомничениот беше фатен од полицијата на мостот кај Сарај и кај него беше пронајден пиштолот од кој пукал во девојката како и негово проштално писмо.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски