Притвор за разбојништво во казино во Богданци

Од:

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице од село Стојаково, општина Богданци за кривично дело – Разбојништво.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 28 јануари осомничениот маскиран со црна фантомка на лицето и со црни ракавици на рацете, носејќи ранец на грбот, влегол во казино во Богданци. Вперувајќи пиштол, се заканил дека ќе нападне врз животот и телото на една вработена – касиер во казиното. Осомничениот ѝ кажал на оштетената да ја отвори касата и да ги извади парите, па одзел 134.200 денари.

-Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело или дека ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.​​

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски