Притвор за разбојништво во Битола​

Од:

Разбојник во Битола на сила соборил жена во обид да и земе златен ланец вреден 2.000 евра. Во намерата успеал, а по пријавата за насилството ОЈО Битола донела наредба за спроведување истражна постапка и предлог за притвор за насилникот.

Како што соопшти ЈО, осомничениот на 9 септември 2020 година во 18:45 часот, во Битола, додека се разминувал со оштетената, го фатил златниот ланец што го носела околу вратот и почнал со сила да се обидува да го скине.

-Бидејќи ланецот бил масивен и не се кинел, осомниченот започнал да ја влече и трга оштетената, ја соборил на тротоарот при што успеал да го скине ланецот во вредност од 120.000 денари и да го одземе со намера противправно да го присвои, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Судот го прифатил предлогот на ОЈО и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он