Притвор за полицаецот од Тетово кој застрела свој колега

Од:

Кривична пријава со мерка притвор од 15 дена му е изречена на  Г.С.(35) од Тетово, полициски службеник во Полициската станица за безбедност во патничкиот сообраќај-Тетово при СВР Тетово, поради основано сомнение дека сторил кривични дела „предизвикување општа опасост“ и „тешки дела против општата сигурност“.

Како што информира МВР, пријавениот во петокот околу 9,50 часот, во дежурната просторија од Полициската станица, при проверка на огнено оружје – автоматска пушка испукал кон полицискиот службеник Ж.Ј.(51) од Тетово, на кого му нанел прострелни рани во пределот на абдоменот.

Повредениот поради сериозноста на повредите од Клиничката болница Тетово е пренесен во Ургентен центар Скопје, каде во саботата околу 10 часот им подлегнал на повредите.

Од извршен увид во просторијата пронајдени се автоматската пушка кал. 7,62 и рамка со 27 куршум и еден куршум во цевката, како и две испукани чаури.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он