Притвор за осомничениот од синоќешниот обид за грабеж во Велес

Од:

Мерка притвор од 30 дена му е одредена на осомничениот во вчерашниот обид за грабеж во менувачница во Велес.

Според информациите на портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска тој е спроведен во истражен затвор во Скопје.

Осомниченото лице е во бегство од затворот во Штип, каде извршувал 15 годишна затворска казна за сторени вакви и слични кривични дела.

Синоќа околу 19,15 часот со употреба на огнено оружје автоматска пушка калибар 7,62 милиметри со маска на лицето осомничениот влегол во менувачницата на улицата „Благој Ѓорев“ б.б. лоцирана во Трговскиот центар во Велес и на вработениот му вперил пушка и му се заканил да му ги даде парите. Вработениот му се спротивставил и почнале да се борат при што сторителот испукал два куршума во ѕидот.Борбата продолжила и надвор од менувачницата при што сторителот испукал уште два куршума кои завршиле во гума на паркиран  патнички автомобил од спротивната страна на улицата, додека другиот куршум завршил во ѕид кој се наоѓа пред менувачницата.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина