Притвор за маж од Кичево кој поттикнал познаник да запали викендица

Од:

На 4.9.2022 полициски службеници од ОВР Кичево и Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал преземаа мерки за дорасветлување на кривично дело “предизвикување општа опасност”, а извршено на 4.12.2021 со подметнување на пожар во село Кнежино, Кичевско, во викенд куќа сопственост на С.К. од Кичево, подметнат од страна на осомничениот А.А. од с.Туин, на кого претходниот ден, односно на 3.9.2022 за истото кривично дело од страна на Судија на претходна постапка му беше определена мерка притвор во траење од 8 дена.

При преземањето на мерките, поради постоење на основи на сомневање дека извршил кривично дело “Поттикнување” во врска со “Предизвикување општа опасност”, односно го поттикнал непосредниот извршител да го стори кривичното дело, лишено е од слобода лицето У.Џ.(48) од Кичево, кој со кривична пријава е предаден во ОЈО Кичево и од страна на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Би можело да ве интересира

Двајца пожарникари загинаа додека гасеа пожар во близина на Атина

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1,1 милион евра

А1он

30 дена притвор за Марко Кричак и Бошко Секуловиќ

Обвинителството бара притвор за 20-годишник кој нападна дете од спротивната навивачка група пред „Јане Сандански“

Горан Наумовски