А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Притвор за лицето кое се обиде да прегази тричлено семејство во Куманоово

by А1он27/06/2016 - 14:1570
Share0

По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното обвинителство Куманово, судијата на претходна постапка од Основниот суд Куманово одреди „притвор“ во траење од 30 дена за едно лице против кое е донесена наредба за спроведување на истражна постапка поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, лицето се товари дека додека чекал ред со неговата девојка во Здравствениот дом – Куманово влегол во расправија со друго лице заради непочитување на редот за прием во амбулантата. Во текот на расправијата оштетениот му се заканил на осомничениот. При излезот од Здравствениот дом осомничениот бил нападнат од три други лица кои започнале да удираат по ветробранското стакло на неговиот автомобил. Избегнувајќи го нападот, осомничениот се упатил кон центарот на градот, при што со своето возило марка „Мерцедес“ се обидел да го прегази оштетеното лице, неговата сопруга и малолетното дете. Сите тројца биле повредени, а со најтешки телесни повреди се здобило детето.

По извршениот увид на лице место со оглед на околностите под кои се случил настанот, јавниот обвинител издал наредба до СВР Куманово постапката да се води како итна, а лицето учесник – возач да биде задржано заради натамошно постапување.

Јавниот обвинител извршил испитување на осомничениот, а ќе бидат испитани и другите инволвирани во случајот. Од Јавното обвинителство истакнуваат дека се наредени вештачења за карактерот и тежината на здобиените повреди на сите оштетени, како и невропсихијатриско вештачење за пресметливоста на осомничениот во критичниот момент.

mvr

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Предраг Петровиќ28/02/2026 - 16:18

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:32

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он18/02/2026 - 16:05

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он14/02/2026 - 19:25

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски13/02/2026 - 12:4413/02/2026 - 12:45

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски07/02/2026 - 15:1507/02/2026 - 15:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен