Притвор за Кежаровски, судиите, адвокатите и обвинителот

Од:

Истражен судија им одреди притвор по 30 дена на сите од групата која полицијата ја осомничи дека влијаела да излезат лица од притвор и дека го откриле идентитетот на заштитениот сведок во досието „Ореше“.

Испрашувањето траеше до 1 часот по полнок и во притвор се пренесени новинарот Томислав Кежаровски, адвокатите Валентин Зафиров и Сашо Лазаров, јавниот обвинител Ивица Ефремов, судијата Иле Танев, лицата Јане Павловски Тица и Сабедин Џини Хофман, а поранешниот судија Борис Николовски е пренесен во домашен притвор со оглед на возраста од 72 години.

Сите осомничени зборувале пред истражниот судија и тврделе дека ниту примале пари, ниту влијаеле да се укинуваат мерки притвор во случаите за кои полицијата ги товари. Адвокатите на притворените се изненадени од одлуката на судијата затоа што тврдат дека воопшто нема дело, односно во предметите за кои МВР тврди дека се ослободувале лица од притвор, обвинетите останале на издржување на мерката се до правосилност на пресудата.

Новинарот Кежаровски е осомничен дека го открил идентитетот на сведокот во случајот „Ореше“ со ликвидацијата старецот Лазо Милошевски. Адвокатите тврдат дека не постојат докази дека некој некому платил за да има кривично дело поткуп.

 

Би можело да ве интересира

(АУДИО) „Заев ќе биде изрешетан ко куче, ќе лежам доживотно“, снимка на „Јутуб“ на која пишува дека Ченто и Ќосето зборуваат за ликвидација

Ландов

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

ВИДЕО: Поради операција на поротничката, одложено повтореното судење на „Ликвидација“

Васко Маглешов

По 5 години Врховниот суд ги укина пресудите за „Ликвидација“

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Јоанидис: Верувам дека ќе има ослободителни пресуди во „Ликвидација“

Емир Латифовиќ