Притвор за кавадарчанката осомничена за подведување на девојчето од „25 Мај“

Од:

30-дневен притвор и е одреден на кавадарчанката, која е осомничена за подведување на малолетното девојче, штитеничка од од ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје, „25 Мај“.

По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје на осомничената и е одредена мерката притвор.​

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција почна истрага и отвори предмет по допрен глас.

Четириесет и тригодишната жена од Кавадарци се товари дека сторило кривично дело „тргивија со дете“ од чл.418 од Кривичниот законик, за што е предвидена казна затвор од најмалку 10 години.

МВР претходно денеска соопшти дека поднело кривична пријава за трговија со дете 42-годишна кавадарчанка М.Д. во врска со случајот со штитеничката од „25-ти Мај“.

Според документираните сознанија утврдено е дека пријавената во текот на декември минатата година и јануари оваа година го принудувало детето Р.И., да дава сексуални услуги на поголем број лица за одреден паричен надомест.

Исто така покрај сексуалната експлоатација, пријавената вршела и трудова експлоатација врз детето принудувајќи да питачи за неа. М.Д. била задржана во полициска станица во Кисела Вода.

Претходно со поднесување кривична пријава за 11 одговорни и стручни лица од Центарот за социјална работа – Скопје за кривично дело „несовесно работење во служба“ и „запуштање на малолетно лице“ и со оставката на директорот на Домот „25 Мај“ полека почнува да се лоцира одговорноста за случајот со 13-годишната штитеничка од овoј дом.

Премиерот Зоран Заев на последната седница за пратенички прашања рече дека е поддржувач на максимална казна за ваквите појави, затоа што само така ќе се испрати пораката никогаш да не се повтори.

Би можело да ве интересира

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он