А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Притвор за две лица, а превентивни мерки за 17 од акцијата „Геодет“

by А1он23/12/2015 - 12:33101
Share0

Притвор за две, а превентивни мерки за 17 лица кои беа приведени во акцијата „Геодет“, им одреди судијата по претходна постапка по предлог на скопското Јавно обвинителство.

Добивај вести на вибер

– Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје во текот на вчерашнот ден пред судија на претходна постапка беа доведени 19 лица од Скопје, приведени во акцијата „Геодет“. Јавното обвинителство од Скопје за 17 лица до судија на претходна постапка достави Предлог за определување на превентивни мерки, а за две лица е доставен Предлог за определување на мерката притвор, стои во денешното соопштение од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

По разгледување на предлозите и на фактите и околностите, судијата на претходна постапка постапи и донесе одлука со која се определува, како што се наведува во соопштението, притвор за две лица за кривични дела –„примање поткуп“ од чл.357 ст.1 и „злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл.353 ст.1 в.в со чл.22 и чл. 45 од Кривичниот законик.

– Забрана за напуштање на престојувалиште, односно живеалиште, привремено одземање на патна исправа и забрана за преземање на работни активности поврзани со кривичното дело, за девет лица за кривичното дело – „злоупотреба на службена положба и овластување“.  Забрана за напуштање на престојувалиште, односно живеалиште и привремено одземање на патна исправа за еден осомничен за кривично дело – „поткуп“, за еден осомничен за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и за шест лица за кривично дело „поднесување на лажни докази“, се наведува во соопштението од Кривичниот суд. 

mvr

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 12:03

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 16:0108/03/2026 - 16:04

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 12:0708/03/2026 - 12:23

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 16:0807/03/2026 - 16:10

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Предраг Петровиќ28/02/2026 - 16:18

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен