Притвор за двајца скопјани за вршење насилство

Од:

ВР Скопје поднесе кривична пријава против скопјаните И.Р. (19) и Р.Р. (53) осомничени за кривично дело „насилство“ и на двајцата им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Како што информира МВР, тие на 15 јуни околу 21.30 часот на ул.„Аврам Писевски“ во скопски Чаир дошле пред домот на оштетениот кој им ја отворил влезната врата и стоел заедно со таткото. Двајцата почнале физички да го напаѓаат откако претходно И.Р. му се обратил со зборовите „вие ли женско ќе тепате“. Првопријавениот нападнал со дрвена палка и нож, а второпријавениот во раката имал чекан.

– И.Р. со нож му нанел неколку рани на оштетениот (татко) во пределот на градниот кош и абдоменот по што овој бил повлечен внатре од страна на неговиот син. Откако оштетените ја заклучиле вратата, И.Р. и Р.Р. искршиле парчиња стакло од влезната врата. Сторителите непосредно по извршување на кривичното дело, биле затекнати на местото на настанот и лишени од слобода од страна на полициски службеници од станицата Бит-пазар, информира МВР.

Оштетениот (татко) е во животно загрозувачка здравствена состојба и задржан на КАРИЛ во Ургентниот центар-Скопје поради тешки телесни повреди – три убодни рани во градниот кош од левата страна и три убодни рани во пределот на абдоменот од левата страна. Кај неговиот син, пак, се констатирани телесни повреди во вид на гребаници и исеченици во пределот на глуждот од левата нога.

Дежурен јавен обвинител излегол на местото на настанот и увидот го препуштил на увидна екипа од ЕУМНА при СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он