Притвор за двајца малолетници кои краделе од возила

Од:

Притвор од 30 дена добија двајца малолетници од Скопје М.Р. (15) и Е.Р. (16) осомничени за вкупно 22 тешки кражби, кражби и кражби во обид.

Кривичните дела пријавените ги извршиле од 20-ти до 24 ноември во доцните вечерни часови во скопската општина Центар. Тринаесет ги извршиле на ул.„50-та Дивизија“, три на ул. „Отон Жупанчич“ и по две на улиците „Јордан Мијалков“, „Коле Неделковски“ и „8-ма Ударна бригада“.

Во 13-те случаи тие ги отворале влезните врати од зградите со шрафцигер и слегувале во подземна гаража каде што ги отворале паркираните возила. Првопријавениот го кршел стаклото на вратите, правел отвор низ кој се протнувал во возилото каде пребарувал, но не одземал ништо. Потоа без да бидат забележани двајцата го напуштале местото и се упатувале кон соседната зграда.

Во други девет случаи, извршени на истиот начин, по пребарување од осум возила одзел пари, цедиња, рачни ножеви, навигациски уред и други ситни предмети, со што стекнале противправна имотна корист од 21.200 денари.

На 24 ноември во полициската станица Центар е извршен службен разговор со пријавените и тие кажале за начинот, местото и времето на извршување на кривичните дела. Одземен е шрафцигеот со кој ги извршувал кражбите и еден ранец во кој ги носел украдените предмети.

Минатата година против М.Р. биле поднесени две кривични пријави за имотни деликти (тешки кражби).

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа