Притвор за државјанин на Албанија поради нудење поткуп

Од:

На 26.08.2022 во 20.55 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ на влез во РС Македонија, приведен е О.Б.(43) од Албанија, поради нудење поткуп. О.Б., кој бил заменски возач на автобус со албански национални ознаки, влегол во службената просторија на раководителот на смена и понудил банкнота од 50 евра за наводно да се забрзала контролата на патните исправи на патниците.

Странецот веднаш е уапсен и за настанот бил известен Јавен обвинител кој наредил пријавениот да биде задржан и против него е поднесена кривична пријава, по што му е одредена мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1,1 милион евра

А1он

30 дена притвор за Марко Кричак и Бошко Секуловиќ

Обвинителството бара притвор за 20-годишник кој нападна дете од спротивната навивачка група пред „Јане Сандански“

Горан Наумовски

Триесет дена притвор за осомничените за убиствата во Хром и во Ѓорче Петров

Се бара притвор за 20 годишник од тетовско – осомничен е за компјутерски криминал и дистрибуција на детска порнографија

А1он