Притвор за дилер на кокаин од струмичко

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Доброшинци, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 20 август, на излезот од Струмица кон Валандово, во автомобил „Шевролет ланчети“ со бугарски регистарски ознаки, осомничениот држел 14 пакетчиња наркотична дрога кокаин со различна тежина. При проверка на возилото, се обидел да се ослободи од дрогата. Дополнителни 20 грама кокаин биле пронајдени и при претрес на неговиот дом.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​

Би можело да ве интересира

Истрага за дилер од Гевгелија, кај него се најдени 100 најлонски зипер ќесички наркотична дрога

Уапсени седум лица, претреси во Липково, Куманово и Желино

Предраг Петровиќ

30 дена притвор за петмина блокадери од Нови Сад

Полицајци надгледувале дилер, кај него се најдени 57 паковки марихуана

Обвинителството бара притвор за дилер на „мара“ и на амфетамин

Запленет кокаин во Гевгелија, лишен од слобода дилер, одреден му е притвор