Притвор за дилер на дрога од Велес, на „лагер“ имал над еден килограм марихуана

Од:

Марихуана и хашиш се наркотичните дроги кои полицијата ги пронајде кај 26-годишен дилер од Велес, за кој ОЈО Велес ќе спроведе истражна постапка за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Поради опасност од бегство дилерот е притворен.

Од Јавното обвинителство соопштија дека осомничениот во својот дом неовластено заради продажба држел марихуана во количина од 1.229 грама сместена во четири стаклени тегли и хашиш во количина од 1,04 грама спакувана во едно полиетиленско пакување.

– Дрогата е пронајдена и одземена при вршење претрес од овластени полициски службеници врз основа на Наредба донесена од судија на претходна постапка. Со оглед на постоење на основан страв дека осомничениот може да се даде во бегство или со влијание врз сведоци да ја попречува истражната постапка, како и можност тој да го повтори кривичното дело, по предлог на јавен обвинител, Основениот суд Велес на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од ЈО.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски