30-дневен притвор за Цветков и Делев, ќуќен притвор за Спасеновски

Од:

Триесетдневен притвор попладнево добија поранешниот министер за земјоделство Михаил Цветков и заменик министерот Кристијан Делев, додека на поранешниот министер Ацо Спасеновски заради утврдени здравствени проблеми му е определена мерка куќен притвор. Одлуката за поранешниот министер Љупчо Димовски, кој е пратеник во Собранието на РМ и се повикува на пратенички имунитет, ќе биде дополнително донесена, соопшти попладнево Кривичниот суд.

– Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за четири лица, судија на претходна постапка при Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по произнесување на лицата по однос на предлогот, а во присуство на нивни бранители и јавен обвинител како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на М.Ц. и К.Д им определи мерка притвор во траење од 30 дена додека на А.С. зарди утврдени здравствени проблеми му определи мерка куќен притвор, се наведува во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Оттаму посочуваат дека на Љупчо Димовски, кој е пратеник во Собранието на РМ и се повикува на пратенички имунитет тој ќе биде дополнително повикан да се прозинесе во Судот, откако ќе се создадат услови за тоа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи