Притвор за четворица лихвари од Неготино, изнудувале пари, запалиле возило

Од:

Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за економски криминал и корупција и Секторот за општ и насилен криминал, во координација со Оддел за специјални полициски операции и со СВР Велес, ги лиши од слобода П.М.(22), Д.П.(23), Ј.К.(21) и В.З.(24), сите од Неготино.

По претходно добиена судска наредба од Основен суд Кавадарци, по преземени мерки и активности бил извршен претрес во домовите на овие четири лица, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „лихварство“, „изнуда“, „загрозување на сигурноста“ и „предизвикување на општа опасност“, при што биле пронајдени повеќе предмети од извршените кривични дела.

– Имено, пријавените давале пари на заем со писмени и усмени договори и притоа за себе договарале несразмерно високи камати, со цел противправно да се стекнат со материјална корист. За да ја постигнат целта користеле закани, физичка сила, а на 09.08.2021 запалиле и патничко возило, со што предизвикале пожар и општа опасност по околината, велат од МВР.

Против нив СВР Велес поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Кавадарци по чл.260, чл.258, чл.144 и чл.288 од Кривичниот законик, а од страна на Основен суд Кавадарци им е одредена мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Пукање од автомобил во скопски Центар

Се запали автомобил во движење, возачот се здоби со изгореници

Катерина Ѓуровски

Четириесетгодишен скопјанец пронајден починат во стан во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Тинејџер избоде 14-годишник во Сарај

Жена загина во сообраќајна несреќа кај Струмица

Фрлена бомба врз угостителски објект кај Тетово, двајца повредени