Притвор за бугарски државјанин за шверц на марихуана

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово постапувајќи по поднесената кривична пријава донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против државјанин на Република Бугарија. Постапката против осомничениот од страна на обвинителството е за кривичнoто делo – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори од чл.215 став 1 од КЗ.

На 25.01.2018 година, околу 00,15 часот, на ГП Табановце, на излез од Република Македонија, за влез во Република Србија при контрола на патничко моторно возило “Пежо” 807 со бугарски регистарски таблички бил откриен бункер со 71 пакетче марихуана. Бункерот бил направен во подот на возилото до задните седишта. Марихуаната со вкупно нето маса од 17.665,5 грама, била спакувана во растителен материјал и полиетиленска вакуум кеса обвиткана со транспарентна растеглива фолија. Осомничениот дрогата ја пренесувал заради продажба.

Имајќи ги во предвид околностите, како и тежината на кривичното дело и запретената казна, надлежниот јавен обвинител оцени дека се исполнети условите за определување на мерка притвор од член 165 став 1 т.1 и 3 од Законот за кривична постапка. Ос тие причини, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово поднесен е Предлог за определување мерка притвор која е прифатена и со Решение на осомничениот му е изречен притвор во траење од 30 дена.​

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец