Притвор за битолски разбојник кој вооружен со нож украл 80.000 денари од аптека

Од:

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 21–годишен жител на Битола, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 11.12.2020 година, околу 23:50 часот влегол во продавница лоцирана на улицата „Партизанска“ наспроти Клиничката болница во Битола со намера противправно да присвои туѓ имот. Тој маскиран со црна безбол капа, ракавици и заштитна маска во црна боја, се приближил до касата, од џебот извадил опасно орудие – нож, започнал да замавнува со него и се заканил дека ќе нападне врз животот на вработената, по што ја отворил касата и одзел од оштетеното правно лице парични средства во износ од 79.200,00 денари.

Поради постоење на околности кои укажуваа дека притворот е неопходен за непречено водење на кривичната постапка, постоење на околности кои укажуваа на опасност од бегство и страв дека осомничениот ќе влијае на сведоци или пак ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд достави предлог на осомниченото лице да му биде определена мерката притвор. Судијата на претходна постапка од Основниот суд Битола го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип