Притвор за битолчанец осомничен за продажба на хероин

Од:

СВР-Битола поднесе кривична пријава против Е.Б.(50) од Битола, заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“.

МВР денеска соопшти дека пријавениот откако набавил хероин ја препродавал на лица нарко зависници од Битола за паричен надомест од 300 до 500 денари од паковка.

На 08.09.2014 година од страна на полициски службеници забележано е малолетно лице кое остварило контакт со пријавениот, од страна на полициските службеници истата била пресретната и кај неа била пронајдена една кутија од цигари, во чија внатрешноста имало шест најлонски паковки со прашкаста материја. По извршеното вештачење утврдено е дека се работи за наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 2,15 грама кој истата го набавила за паричен надомест од 3.000 ден.

По извршен претрес во домот на пријавениот, како и сеопфатна и поширока контрола на местата каде пријавениот се движел било пронајдено најлонско пакување со наркотична дрога хероин која според првичната анализа е со нето тежина од околу 285 грама. По расчистување и документирање на настанот, пријавениот е предаден на Судија за претходна постапка од Основен суд Битола, кој му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

Би можело да ве интересира

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи