Притвор за 72-годишник осомничен за полов напад врз дете

Од:

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 72 години, осомничено дека сторило кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години согласно член 188 став 1 од Кривичниот законик“, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што информира ЈО, на 1 август, во неговиот дом во Битола, осомничениот извршил други полови дејствија врз девојче родено 2011 година. Вознемирено, девојчето се расплакало и го напуштило станот.

Ценејќи дека постојат законските основи, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена како мерка за негово обезбедување во текот на постапката.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес