Притвор за 23-годишен дилер на дрога од Албанија

Од:

Притвор од 30 дена му е одреден на 23-годишен државјанин на Албанија осомничен за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, против кого постапка поведе Основното јавно обвинителство Струга.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, осомничениот управувал патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки во близина на струшкото село Франгово, кога бил сопрен од полициски службеници. При извршен личен претрес на осомничениот, надлежните службени лица кај осомничениот пронашле 50 грама кокаин, кој тој неовластено го држел заради продажба.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд Струга доставил предлог на осомничениот да му биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка при надлежниот суд го прифатил предлогот и на осомничениот му определи 30-дневен притвор.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он