Притвор од 30 дена за скопјанец осомничен за продажба на марихуана

Од:

СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното Основно Јавно обвинителство-Скопје го предаде М.Б.(40) од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 денови, соопшти денеска МВР.

Имено, пријавениот во текот на овој месец неовластено од непознато лице набавил и држел кај себе неодредена количина марихуана, која ја препакувал и чувал во својот дом, заради понатамошна продажба.

Со наредба од судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот на М.Б. при што се пронајдени, полиетиленска кеса со непозната растителна материја, хартиена паковка со непозната растителна материја, дробилка црвена боја со непозната растителна материја и дигитална вага со натпис “LAICA“ со остатоци од непозната растителна  материја и истите се одземени. Пријавениот е приведен во службените простории на Единицата, каде не дал појаснување на начинот на сторување на кривичното дело.

По извршено вештачење, констатирано е дека се работи за марихуана со вкупна маса 71,75 грама, метална дробилка со нето маса од 0,17 грама и хартиено паковање со нето маса од 0,58 грама мешавина од тутун и марихуана, а на дигиталната вага е констатирано дека има присуство на траги од иситнети и исушени врвни делови – вршункии кои потекнуваат од растението канабис.

Во претходниот период, стои во соопштението, против М.Б. се поднесени кривични пријави за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, „прикривање“, „кражба“, „тешка кражба“ и „одземање на моторно возило“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет