А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Притвор и кривична за пет лица за продажба на хероин

by А1он29/12/2014 - 13:34116
Share0

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР во рамки на акцијата „Мрежа“ насочена кон сузбивање на нарко-трговијата, заплени 99,8  грама  хероин наменет за домашниот нарко пазар, лиши од слобода пет лица македонски државјани додека едно лице турски државјанин во моментот не е достапен на органите на прогон.

Добивај вести на вибер

Од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција  ќе биде поднесена кривична пријава против лицата Ј.С., Ш.М., К.Е., Ф.А., В.И. и Ч.А., поради постоење основано сомнение дека сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Лицата  лишени од слобода се изнесени пред  судија на претходна постапка кој на петте лица им одреди мерка притвор во времетраење од по 30 дена. Инаку досега, во рамки на „Мрежа“ кривично се пријавени над 160 лица, а запленети се и над 520 килограми разни видови наркотици.

Во текот на вчерашниот и завчерашниот ден, соопшти денеска МВР, на подрачје на Скопје се преземни активности во врска со сознание дека  во текот на минатиот месец лицето Ј.С.(47) турски државјанин, во Турција од засега непознато лице за неутврдена цена неовластено набавил наркотична дрога хероин која ја транспортирал до Македонија заради натамошна продажба. Во почетокот на овој месец веќе набавениот хероин лицата Ш.М.(36), К.Е.(41), Ф.А.(34) и В.И.(41) сите од Скопје требало да го препродадат по однапред договорена цена, при што лицата оствариле неколку средби и откако К.Е. го превземал хероинот, го однел  на непозната локација во село Арачиново.

Потоа Ш.М. и К.Е. хероинот го понудиле на продажба на повеќе лица, за што континуирано го известувале и  турскиот државјанин. Во договор со него, се појаснува во соопштението, земени се примероци кои им биле давани на потенцијалните купувачи за да го проверат квалитетот на хероинот. Во втората половина на месецов преку Ч.А.(38) од Гостивар, хероинот го понудиле на продажба, но не можеле да најдат купувач поради лошиот квалитет па ја спуштиле продажната цена. Тие се договориле хероинот да го продаваат  во помали количини кои подоцна требало меѓусебно да ги поделат, а дел од парите да испратат во Турција. По претходен договор помеѓу Ч.А. и Ш.М. завчера извршена е купопродажба на околу 100 грама хероин.

– Во 20,15 часот, на наплатната рампа „Глумово“ на излез од Скопје, запрено е патничко моторно возило марка „Опел Астра“ со гостиварски регистарски ознаки, извршен е претрес при што кај Ч.А. пронајдено е едно полиетиленско паковање исполнето со прашкаста материја светло кафена боја. Одземената прaшкаста материја е предадена во Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења  при  МВР на заради понатамошно вештачење.  По извршено вештачење утврдено е дека се работи за хероин со вкупна тежина од  99,8 грама. Запленетиот хероин при продажба на домашниот нарко пазар на мало во Македонија би достигнал цена од 2.500 евра, се појаснува во соопштението.

drogamvr

Би можело да ве интересира

Хрватската полиција заплени 13 килограми кокаин на граница со Црна Гора

А1он19/12/2025 - 17:55

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он19/12/2025 - 15:3819/12/2025 - 15:39

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје

Горан Наумовски10/12/2025 - 17:00

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Катерина Ѓуровски09/12/2025 - 12:14

(ВИДЕО) Заплена на дрога во Струшко, во возило пронајдени 62 пакувања марихуана

Горан Наумовски08/12/2025 - 14:2308/12/2025 - 15:07

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Предраг Петровиќ05/12/2025 - 20:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен