Притвор и кривична пријава за давање поткуп и злупотреба на безвизниот режим со ЕУ

Од:

Германски државјанин доби мерка притвор во траење од 30 дена за давање поткуп, а Регионалниот центар за гранични работи-Север  до Основното јавно обвинителство за организиран криминал – Скопје поднесе кривична пријава  за сторени кривично дело „злоупотреба на безвизен режим со државите членки на Европската унија и на шенгенскиот договор“.

Како што соопшто МВР, лицето Б.И. (46) од Борча, Р.Србија, со државјанство и место на живеење во  Германија,  според документираните сознанија на истрагата пријавениот на 5. овој месец, по претходен договор, во Радовиш пред пазарот земал 10 лица државјани на Македонија со  комбе марка „Фолксваген“ со германски таблички сопственост на неговата ќерка Б.Е. која исто така патувала со него. Намерата била лицата да ги превезе во Германија за паричен надомест од 150 евра по човек. Било договорено парите да му се дадат по пристигнување на крајната дестинација во Р. Германија.

По пристигнување на ГП „Табановце“ во моментот кога полицаецот почнал проверки на податоци за лицата, пријавениот преку шалтерот  му приложил неколку македонски патни исправи, а во една од нив полицаецот забележал една банкнота од 100 евра. На негово прашање зошто се парите во патната исправа на Б.И., одговорил дека се за да се почасти кафе, при што веднаш бил приведене за давање на поткуп, стои во соопштението од МВР.

Со останатите лица, кои се превезувале со приведениот, извршен е службен разговор каде потврдиле дека дел од нив имале намера да одат во камп за азил а дел од нив на гости кај роднини во Германија, а потоа биле ослободени.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп