Секојдневни притисоци од Центарот за социјална работа во Скопје да се одземе детето од мајката Невена, сега прераснаа и со инволвирање на полицијата каде секојдневно ја пријавуваат. Малтретирањето е секојдневно, со кружење околу зграда, вознемирување, кривични пријави против мајката, секојдневни пријави во полиција. Неколкумина вработени во Центарот се брзаат да го земат детето, иако треба да почекаат да оди преку судот со извршно решение или преку ново решение од Центарот за социјална работа во Охрид, со кое треба да и се гарантира кога и како ќе може да се гледа мајката со детето. Ова е епилогот по спорната пресуда од Битола, каде четиригодишно дете наместо на мајката е дадено на таткото.
„Во врска со Невена, таткото Спасе Спасески продолжува континуирано да врши притисок врз мајката да го предаде детето користејќи свои приватни врски преку институции кои немаат надлежност да го одземат. Загрижениот татко не го засега воопшто последицата кај детето која би се предизвикала со одвојувањето на детето од мајката и секојдневно бара асистенција од полицијата да најде начин и насилно да го одземе детето од мајката. Колку кривични постапки треба да се поднесат против мајката која се грижи за своето дете меѓутоа не добива заштита од ЈУ МЦСР кои како орган треба да ја заштитат. Како полномошник, а пред се како мајка и родител апелирам сите ненадлежни институции да не преземаат дејствија кои нанесуваат ненадоместлива штета кај мајката и детето бидејќи согласно позитивните прописи во нашата држава регулиран е начинот на постапување во овие предмети“, изјави за А1он, адвокатката Аница Цветанковска.
Адвокатката долго време нема добиено одговор од Центарот за социјална работа во Скопје дали социјалниот работник Гоце Прцулоски кој е најангижиран да го земе детето се возел со автомобилот на таткото, мерцедес со охридски регистерски таблици и заедно стигнале пред зградата на мајката на 11 април годинава.
Прцулоски не се легитимирал на влезот на пријавница каде што живее мајката Невена, а сакал да оди во нејзиниот стан. Од него адвокатката Аница Цветановска писмено побарала да образложи „во какво својство Прцулоски бил во зградата, дали имал работен налог, дали користел службено возило и дали како социјален работник постапувал согласно неговите надлежности“,
Со оглед дека не одговорил, адвокатката наведува дека „се смета дека немал работен налог за посетата, и не користел службено возило за посетата“.
И од комисијата за водење на дисциплинска постапка во Центарот за социјални работи, адвокатката побара да утврди дали Прцулоски совесно и толку ангажирано постапува и по другите предмети? Во дописот со кој се бара дисциплинска постапка се наведува дека „има сознанија за застој на голем број предмети на кои работи Прцулоски, а од друга страна покажува посебен ангажман за конкретниот предмет што упатува на сомнеж дека има некаков интерес“.
По објавување на оваа сторија во А1он се јавија неколкумина досега засегнати од Центарот за социјална работа кои сакаат отворено да говорат за неправдите кои им се нанесени за што некои и најавија конкретни докази за „интересни активности“ како и за „група внатре во Центарот која се поддржува меѓу себе“.
Молк и од директорот на Центарот за социјална работа во Скопје, кој доби прашања уште пред две недели, но и истиот во телефонски разговор ги штитеше активностите на Гоце Прцулоски. Одговор уште чекаме-дали е вообичаено, дозволено, или забрането возење на социјален работник со странка во чиј предмет е инволвиран?