Притисоци и закани за средношколците, маршот се помасовен

Од:

Матурантите, средношколците, придружени од нивните професори се помасовно маршираат кон Министерството за образование и наука.

Тие скандираат „Сакаме избор“ и „Доста беше молк“. Дел од пораките  на транспарентите гласат „Стоп за лошите реформи“, „Не за новиот концепт за државна матура“, „Ќе паднам матура заедно со системот“, „Мамо зошто не ме роди година порано“.

На раскрсниците ги пречекуваат нивните соученици од разни средни училишта и им се придружуваат во барањето да се стопираат, како што велат, лошите реформи во образованието.

Учениците се жалат дека имале големи притисоци за да не излегуваат на маршот. Во средното училиште „Арсениј Јовков“ ги заклучувале учениците за да не доаѓаат на протестот.

Во „Јосип Броз Тито“ се правеле списоци на оние кои излегуваат на маршот и им рекле дека ќе им напишат неоправдани изостаноци.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците