Пристигнуваат нашите војници од Авганистан

Од:

Денеска се враќаат осумте припадници на Македонскиот контингент на АРМ во Авганистан.

Изминатиов период тие ја извршуваа својата должност во Авганистан во рамките на мисијата за тренинг и обука на авганистанските припадници на воената полиција заедно со припадниците на хрватската војска.

Од Генерал штабот на АРМ информираат дека настанот кој се случил во вторникот на 18-ти септември е редовна процедура од транспортот на силите за време на ротација на контингентите.

Кумановецот кој минатата недела беше ранет во Авганистан во базата Ледернек е на лекување во Дубаи. Ова им го кажал ранетиот Тони Атанасовски на своите родители во телефонски разговор.

Базата Ледернек била нападната минатиот петок од Талибанците во време кога 39 годишниот Тони Атанасовски ги превезувал со автобус американските војници и колегите од Босна. Во кругот на базата дошло до престрелка меѓу Талибанците и американската војска. Атанасовски иако бил ранет, успеал со дупнати гуми на возилото да се оддалечи од местото на престрелката и да ги спаси останатите повредени во автобусот раскажуваат родителите на Тони. Тоа беше и базата каде што беше и принцот Хари.

Тој е на печалба во Авганистан веќе две години, а на 8 септември потпишал договор за работа за уште една година преку американската фирма ДајнКорп.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација