Пристигна првата пратка вакцини „Спутник V“

Од:

На Скопскиот аеродром попладнево пристигна првата пратка вакцини од рускиот производител „Спутник V“. Ги пречекаа министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин.

Вакцините, вкупно 3.000, се во соодветно пакување, а ќе се чуваат на – 18 до -20 степени, за што потребната инфраструктура е подготвена. Вакцините ќе бидат ставени во посебни фрижидери, по што ќе се организира и процесот на вакцинација во пунктовите во Здравствениот дом – Скопје. Како што изјави министерот Филипче, вакцинацијата веројатно ќе почне во среда.

– Сите овие вакцини ќе се користат како прва доза. Се продолжува со вакцинирање на здравствените работници и според индикацијата и на граѓани како што е тоа предвидено во националниот план за имунизација. Има препорака во упатството за претпазливост во однос на трудници и доилки и накаква други контраиндикации, рече министерот.

Тој кажа дека најпрво ќе се вакцинираат најстарите граѓани со хронични болести, како и оние кои се наоѓаат во старечките домови.

Матичните лекари имаат обврска да ги известат граѓаните, каде и кога да дојдат, а оние што живеат во старечки домови ќе се спроведе таму каде што се сместени, објасни министерот.

Според Филипче, од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште не е точно потврдено кога.

Во однос на вакцината „АстраЗенека“, министерот кажа дека за буквално за ниту една вакцина, нема регистрирана сериозна контраиндикација за давање.

Рускиот амбасадор рече дека вакцината ќе придонесе за спасување човечки животи и за враќање на македонската економија на траекторијата на раст.

-Ние секогаш сме подготвени да им помогнеме на македонските граѓани со кои уживаме во вековните традиции на пријателство и споделуваме заеднички вредности. Имаме многу конструктивна соработка со Владата на РСМ и сме спремни да ја прошируваме врз нови области на основа на еднаквост и взаемно почитување на интереси, рече амбасадорот.

Според Бездникин, добро се знае дека Спутник е првата регистрирана вакцина против Ковид-19 во светот. Тој рече дека вакцината е апсолутно безбедна и ефикасна и сега станува со право светски „бестселер“.

-Со Северна Македонија вакцината е регистрирана во 46 земји во светот вклучувајќи неколку држави во Европската Унија. Сега е во тек забрзана постапка во Европска агенција за лекови за да ја испитува делотворноста на вакцината врз основа на резултати од досегашните лабораториски испитувања и истражувања. Во СЗО се разгледува барањето за Спутник да се вклучи во листата на лекови одобрени од СЗО, да се користат за во вонредни ситуации, додаде амбасадорот.

Тој им посака на сите добро здравје, а на храбрите македонски лекари и медицинскиот персонал им посака брза победа во борба против пандемија во која, како што посочи, оваа руска вакцина ќе биде вредно оружје.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска