Пристигаат 80 милиони евра од предвидената ЕУ помош за Македонија

Од:

Европската Комисија најави дека денеска ќе бидат испратени дел од ветените суми макроекономска помош за Северна Македонија, како и за Косово, Црна Гора и Тунис, јави дописничката на МИА од Брисел.

Од трите милијарди евра макроекономска асистенција предвидена за земјите од соседството на ЕУ, Европската Комисија денеска испраќа 80 милиони за Северна Македонија, 50 милиони за Косово, 30 милиони за Црна Гора, како и 300 милиони за Тунис.

Еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони, ја поздрави веста како „конкретен чекор напред“ во борбата против Ковид-19 и неговите последици и вети дека ЕУ останува посветена да им помага на своите соседи во овие тешки времиња.

За Северна Македонија ова е втората и последна транша од предвидените 160 милиони евра макроекономска помош.

Европската Комисија информираше дека земјата ги исполнила условите за ослободување на последната транша, овие услови вклучуваат зајакнување на фискалното владеење и транспарентност, борбата против корупцијата, подобрување на супервизијата во финансискиот сектор како и на бизнис климата и справување со невработеноста на младите.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати