Пристап до правда – граѓаните имаат право на бесплатна правна помош

Од:

Македонските граѓани и понатаму ќе можат да аплицираат за бесплатна правна помош во рамките на проектот „Пристап до правда во Македонија, кој се спроведува од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права, Националниот ромски центар Куманово, ЕХО Штип, Младинскиот културен центар Битола и Избор Струмица.

„Целта на проектот е да придонесе за подобрување на системот на заштита на човековите права во земјата преку зајакнување на системот на бесплатна правна помош и утврдување на слабостите во неговото спроведување.

Преку развивање на алатка за регистрирање на барателите на бесплатна правна помош, во било кој момент ќе може да се дознае бројката на поднесени барања по град, возраст и правна област, да се измери времето потребно за донесување на одлуки, како и да се провери каде граѓаните се обратиле за правен совет.

Недостатоците на целокупниот систем на бесплатната правна помош, како и причините за потреба од бесплатна правна помош ќе се утврдуваат преку секојдневната работа на регистрираните здруженија и преку истражувањето во кое директно граѓаните ќе бидат прашани за квалитетот од добиената правна помош.“, стои во информацијата за овој проект.

Во рамки на проектот функционираат и бесплатната СОС линија 0800 44 222 на која граѓаните може да се обратат секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот и веб порталот www.pristapdopravda.mk кој содржи упатства и информации за вообичаените правни проблеми со кои се соочуваат граѓаните и им нуди можност да постават прашање или да добијат правна информација.

Од 2011 година па до денес, Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со партнерите вложува напори за подобрување на Законот за бесплатна правна помош и ќе продолжи понатаму да ги истакнува слабостите и да дава предлози за негово подобрување.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on