Природонаучен музеј на Македонија отвора подружница во Стар Дојран

Од:

Природонаучниот Музеј на Македонија, денеска во Стар Дојран ќе ја отвори својата првата подружница со постојана изложба насловена „Живиот свет во Дојранското Езеро и Котлина“.

Подружницата е уредена на иницијатива на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) со донација во висина од 20.000 американски долари обезбедена преку финансиска поддршка на Медитеранскиот фонд за критични екосистеми, во рамки на проектот „Развивање на капацитети за одржливост на Дојранското езеро“. Просторот за музејската поставка го отстапи општина Дојран со цел да придонесе кон едукација и повисока свест за заштита на езерото.

– Природонаучниот Музеј на Македонија ја осмисли целата идејна концепција на подружницата и низ континуирана соработка со РЕЦ, локалното население од општината Дојран и редица стручни соработници, се постигна комплетна поставка, која го презентира богатиот растителен и животински свет на Дојранското Езеро. Заштитено со статус Споменик на природата, езерото и неговата околина претставува вистинско богатство на природните вредности, солиден број на значајни видови од национално, европско и глобално значење, и особено живеалиште за 96 регистрирани видови птици, информираат од канцеларијата на РЕЦ во Македонија.

Покрај претставувањето на природното и минералното богатство на Дојранското Езеро и неговата котлина, Подружницата ќе понуди и едукативно-интерактивна секција во која посетителите ќе можат да ги спознаат карактеристиките на екосистемот, значењето на Рамсарското подрачје, светот на алгите, и ред други содржини на современ и интерактивен начин.

Визијата на Природонаучниот Музеј на Македонија е подружницата, покрај вршењето на научно-истражувачката дејност и промоција на природните богатства да прерасне во атрактивен туристички објект кој ќе им понуди дополнителни содржини на посетителите, а со тоа ќе придонесе и кон збогатување на туристичката понуда во овој регион.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Дејствуваат два „Ер трактори“, пожарот во Дојран до крајот на денот ќе биде под контрола

Горан Наумовски

Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран се прошири и на грчка страна

Грција испрати два „канадери“ и пожарникари да помогнат во локализирање на пожарот кај Дојран

Горан Наумовски

Ангов: Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ

Книги од семејната библиотека на композиторот Кирил Македонски подарени на НУ Завод и Музеј-Битола

А1он

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час