Природниот прираст негативен – лани 6 724 повеќе умрени од родени

Од:

Во Република Северна Македонија минатата година се родиле 19 031, а умреле 25 755 лица, со што е евидентиран негативен природниот прираст од 6724 луѓе.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија, минатата година во градските подрачја живородени се 11 258 деца или 59.2 % од вкупниот број на живородените деца, додека 7 773 или 40.8 % деца се живородени во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број раѓања по региони има Скопскиот со 38.8 %, а најмало Источниот Регион со 6.1 %.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29.8 години, а 28.4 години во селските подрачја. Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28.1 година, а во селските подрачја 25.9 години. При првото раѓање, мајката од селските подрачја е помлада за 2.2 години.

Во градските подрачја умреле 15 948 лица или 61.9 %, а 9 807 лица или 38.1 % умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 28.5 %, а најмало Вардарскиот Регион со 8.1 %. Во градските подрачја има 64 умрени доенчиња, додека во селските подрачја 44.

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 73.1 година, а во селските 73.6 години.

Природниот прираст е негативен и изнесува -4 690 лица во градските подрачја и -2 034 лица во селските подрачја. Само Скопскиот регион бележи позитивен природен прираст, а останатите региони бележат негативен природен прираст.

Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 37.6 % имаат преселбите од село во град наспроти меѓуградските преселби со 8.7 %.

Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот Регион со 50.9 %, додека во Полошкиот Регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 54.2 %.

Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион, 785 лица, а најмало во Југoисточниот Регион, односно -129 лица.

Би можело да ве интересира

Намален наталитет и негативен природен прираст во четвртиот квартал од 2023 година

Помалку починати во 2022, најмногу умрени во јануари, жените подлоговечни од мажите за 4,3 години

Ана Ололовска

Негативен природен прираст во првиот квартал од 2023 година

Ана Ололовска

Намален наталитетот, а зголемен морталитетот во третото тримесечје од 2021

Ана Ололовска

Македонија со црни рекорди според смртноста: Во првите шест месеци починале 4 илјади луѓе повеќе за разлика од 2019 и 2020

Мери Јордановска

Во 2020 рекорден број починати во земјава: дневно умирале по 70 луѓе од кои 10 отсто од Ковид-19

Мери Јордановска