А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Прилепски „Пазари“ со милионски долгови и сомнителни продажби на имоти

by А1он14/03/2018 - 14:31131
Share0

Прилепското јавно претпријатие „Пазари“ има наследено долгови од околу пет милиони денари и доведено е во прашање неговото работење, вели новиот директор Кристијан Илиески, кој на денешната средба со новинарите ја поретстави, како што рече, крајно тешката финансиска состојба на претпријатието.

Добивај вести на вибер

Илиески вели дека фирмата била без денар на сметката и со неисплатени плати за 27-те вработени кога во ноември бил назначен за директор.

– Кога дојдов на чело на претпријатието затекнав долгови од околу пет милиони денари. Само по основ на ДДВ на УЈП претпријатието ѝ должеше преку два милиона денари и уште 300.000 денари камати. Имаше долг од 300.000 денари за неплатен данок на имот, на вработените за неостварени права според колективниот договор за 2015 година им должеше 700.000 денари и уште 460.000 за минатата година. Претпријатието има обврски за плаќање од 550.000 денари, а сѐ уште не се знае кому и што должи, вели Илиески.

Новиот директор на ЈКП „Пазари“ нагласува дека досега успеал од обврските да исплати 2,9 милиони денари кон вработените и за неплатен ДДВ.

За Илиески голема непознаница се состојбите со поранешниот млечен пазар и „Сточниот пазар“ каде е Терминалот. Посебно сомнителна е, вели, продажбата на млечниот пазар во центарот на градот наспроти големиот зелен пазар.

– Продажбата на „Млечниот пазар“, или популарниот поранешен Пазар за сирење е сомнителна и допрва ќе се истражува. Претпријатието го загуби тој простор и не е сѐ уште сфатливо зошто тогашниот Управен одбор на „Пазари“ се откажал од просторот во корист на општината. Прво, беше продаден на „Кам-маркетите“, а потоа на „Тинекс“, а претпријатието не доби ниту денар од тоа, вели Илиески.

Во прилепски „Пазари“ отворено се поставува прашањето каде се парите од продажбвата на Млечниот пазар, но и од сомнителните трансакции за „Сточниот пазар“.

– За уредувањето на овој пазар, претпријатието инвестираше 4 милиони денари, за потоа, со промена на деталниот план, општината да им го одземе имотот. Освен тоа, угостителскиот објект во сопственост на ЈКП „Пазари“ е продаден за екстремно ниска цена од околу 13.000 евра, објаснува Илиески.

Според него, ЈКП „Пазари“ не може да функционира доколку не добие субвенции од општината од четири милиони денари.

– Наш основач е Општината. Неопходни ни се субвенции од 4 милиони денари за состојбата да се доведе до „позитивна“ нула“ и претпријатието полека да застане на свои нозе. Сакаме да го вратиме сјајот на зелениот пазар надалеку познат во регионот и да почнеме рентабилно да работиме. За тоа дека недомаќински претходно работеле директорот Пецо Димоски и поранешниот градоначалник Марјан Ристески, покрај натрупаните долгови, е и фактот што зелениот пазар четири пати се препокривал, рече Илиески.

prilep

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Горан Наумовски22/10/2025 - 20:29

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Катерина Ѓуровски22/10/2025 - 12:39

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

Горан Наумовски18/10/2025 - 08:54

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски15/10/2025 - 09:2215/10/2025 - 09:22

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Катерина Ѓуровски19/09/2025 - 15:07

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

Горан Наумовски06/08/2025 - 15:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен