Прилепски „Комуналец“ пример во Македонија за селекција на отпадот

Од:

Прилепското комунално претпријатие „Комуналец“ интензивно продолжува со селекцијата на отпадот од пакување, информираат од јавното комунално претпријатие. Според директорот Ѕвонко Јованоски службите ги споредуваат показателите за селектиран и собран отпад за лани и првиот квартал од оваа година.

– Според најновите показатели од првиот квартал од 2018 година, што ги добиваме од нашите служби, направена е споредбена анализа од 2017 година кога во првите три месеци се собрани 178 тони отпад од пакување, а истиот период годинава селекцијата е зголемена за 5 насто, одосно собрани се 187 тони отпад од пакување. Тоа укажува дека претпријатието го зголемува интензитетот на собирање и селекција на отпадот. Сега ги вклучивме и руралните населени места од општината. Тоа значи дека во првото тримесечје се распределени 1.073 канти за куќен отпад, со вкупно 587 нови корисници, изјави Јованоски.

Прилепски Комуналец пријатно е изненаден што дури 96 насто од населението од руралните средини веднаш го прифати селектирањето на отпадот. Во градот се распределени 16.703 канти за куќна селекција на отпадот со 8.918 корисници.

Според податоците, Прилеп собрал 60 проценти од вкупниот селектиран отпад во Македонија или за 10 пати повеќе од Скопје. Официјалните податоци од „Пакомак“, кој е колективен постапувач за отпад од пакување, во 2017 година количествата собран отпад, во Македонија биле 1.565 тони, од кои 936 тони собрало јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп, односно 60 насто од вкупниот селектиран отпад во РМ, кој го собрале 15 најголеми јавни претпријатија во РМ. Како што истакна директорот на ЈКП „Комуналец“, проектот за примарна селекција на отпадот во Прилеп се спроведува од 2011 година, а со поставување на контејнери за селекциија на јавно прометни површиини е започнато во 2008 година.

Јавното комунално претпријатие Комуналец од Прилеп како најдобро комунално претпријатие што селектира отпад, од „Пакомак“ доби уште 30 нови контејнери за селекција на стаклена амбалажа. Ќе бидат поставени идната недела, на сите јавни површини.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски

Детето кое падна од прозорец е одличен и дисциплиниран ученик, тврди директорката на училиштето во Прилеп

А1он

11-годишник тешко повреден откако падна од трет кат во училиште во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња

Катерина Ѓуровски

Пуштена во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш

Катерина Ѓуровски