Прилепчани наместо во самоизолација излегле од домот, Обвинителството бара да платат казна

Од:

Основното јавно обвинителство-Прилеп поднесе предлози за издавање казнен налог за три  лица кои го сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите во одделни кривично правни настани не ги почитувале мерките за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19 и не постапиле по изјавите за самоизолација.

Имено, обвинетите на 17 март оствариле влез во Република Северна Македонија од држави со среден и висок ризик за ширење на коронавирусот и согласно мерките биле должни во период од  14 дена  да не го напуштаат престојувалиштето кое го пријавиле како место каде ќе ја спроведат задолжителната самоизолација.  При вршење на контрола од страна на полициските службеници на 19 март, обвинетите не биле затекнати во нивните престојувалишта.

Основното јавно обвинителство Прилеп му предложи на Основниот суд во Прилеп на обвинетите да им изрече парична казна во износ од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена во износ од по 30 евра во денарска противвредност.​​

Би можело да ве интересира

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Кратовец со нож прободе полицаец, ќе оди во притвор

А1он

ОЈО води истрага за проневера и перење на над 2,2 милиони евра – првоосомничен е сопственик на фирма од Кучевиште

А1он

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

Резултатите за квалитетот на гостиварската вода ќе бидат готови утре