Прилепчани им извадиле пиштол на сообраќајци, па бегајќи скршиле наплатна рампа

Од:

Велешката полиција уапси двајца жители на Прилеп кои се возеле во автомобил „Ауди А3“ и претходно, на наплатната рампа на автопатот Скопје-Велес, откако биле запрени од сообраќајната полиција, впериле пиштол во полицајците, по што, во обид да избегаат, соопшти полицијата.

„На 05.07.2021 во Велес од полициски службеници од СВР Велес лишени од слобода се И.Д.(29) и П.Б.(42), двајцата од Прилеп, бидејќи во 19.55 часот кај наплатна рампа на автопат А1 Скопје-Велес, при обид за сопирање и контрола на патничко возило „ауди А3“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Д., П.Б, кој бил негов сопатник вперил пиштол кон полициските службеници, а во обид да избегаат ја оштетиле наплатната рампа“, се вели во соопштението од МВР.

„Полициските службеници испукале предупредувачки куршуми, а повредени лица нема. Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додаваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ