Прилепчани донираат за настраданите во Скопско

Од:

Пункт на Црвениот крст-Прилеп и на локалната самоуправа за собирање средства и продукти за настраданите од невремето во скопско, е отворен од 10 до 18 часот на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во центарот на Прилеп.

Според Александар Котески од Црвен крст-Прилеп, одѕивот е одличен.

– Граѓаните доаѓаат оставаат пакувана вода, средства и пари за настраданите во скопско од невремето. постојано сме во координација со Црвениот крст на Република Македонија и нашата акција ќе продолжи понатаму. Од 12 часот е отворен уште еден пункт поради интересот на компаниите да достават донации, рече Котески.

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески упати апел граѓаните во што поголем број да ги доставуваат донациите. Тој најави отворање и на нови пунктови.

– Прилеп сочувствува со настраданите. Во договор со месните заедници, ќе се отворат и пунктови во прилепските населби за граѓаните да донираат средства и таму, а да не мора да доаѓаат во центарот на градот, додаде Ристески.

Би можело да ве интересира

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски