Прилепчанец зел пари за самовработување, ама ги потрошил и не ги вратил

Од:

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против П.К.(32) од Прилеп и правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање на кредит или друга погодност“. П.К., како невработено лице, во текот на 2017 година поднел апликација за активна мерка по Програмата за самовработување, доставена до Центар за вработување Прилеп и пријава за користење на грант, согласно условите од Програмата.

По одобрување на апликацијата основал фирма и склучил Договор со АВРМ и УНДП по кој искористил средства во висина од 246.000 денари, како директна набавка на опрема и материјали, но спротивно на договорот и обврските, воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто плати. Фирмата по службена должност од страна на Централен регистар во тек на 2019 година е ликвидирана, додека искористените средства не се вратени согласно Договорот, со што се стекнал со противправна имотна корист на штета на Буџетот, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски