Прилепчанец загина во сообраќајка на патот Македонски Брод – Прилеп

Од:

Едно лице загина, а едно е повредено во сообарќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, околу еден километар после село Ропотово, откако патничко моторно возило „Опел Астра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Т. (66) од Прилеп, излетало од патот.

Како што соопшти МВР, во сообраќајката, што се случила во 16.40 часот, на местото на несреќата загинал сопатникот В.Т. (71) од Прилеп, додека возачот М.Т. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари