Прилепчанец загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп

Од:

Шеесет и едногодишен прилепчанец загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на патот Битола -Прилеп.

Според информациите на МВР, во несреќата учествувале возило „Опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(61) од Прилеп и товарно возило „Форд транзит конект“ со штипски регистарски ознаки управувано од П.П.(27) од Штип.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Г.Б. кој бил пренесен во Општа Болница Прилеп, каде во 21,30 часот им подлегнал на повредите. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип