Прилепчанец во двор си одгледувал марихуана

Од:

Полицијата во Прилеп до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против Г.Н.(50) од Прилеп, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”.

Пријавениот, користејќи ја можноста што ја нудело неговото оградено дворно место од куќата во која живее во Прилеп, од пред два месеци од задната страна засадил поголема количина од растението Канабис сатива. Притоа со оглед дека просторот бил ограден а единствениот клуч од металната врата го поседувал само пријавениот, тој секое утро во изминатиот посочен период ги наводнувал и одгледувал насадите од канабис (односно марихуана). Кога насадите ќе ја добиеле потребната висина тој ги кинел врвовите и ги подготвувал за натамошна продажба.

При претресот на неговиот дом извршен по судска наредба пронајдени се вкупно 131 стебло канабис со висина од еден до 2,3 метри. Истражен судија на Г.Н. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски