Прилепчанец украл пари и накит во вредност од над 2 милиони денари

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп при Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против В.Д.(23) од Прилеп поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ предвидено и казниво по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија. Со извршеното кривично дело пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 2.200.000 денари.

Имено на 18-ти овој месец во период од 19.00 до 23.30 часот пријавениот го скршил цилиндерот од металната порта, влегол во дворот, а потоа во куќата сопственост на Г.М.. Откако влегол во подрумот, ја отворил вратата од метален сеф и од сефот одзел пари во различни валути и апоени и тоа евра, австралиски и американски долари, швајцарски франци и фунти. Освен парични средства пријавениот пронашол и одзел и различен златен накит и тоа повеќе стари златни франги, шест до седум златни женски прстени, четири женски ланчиња, мала детска белезгија, сребрена пара, марамче на кое имало пришиено сребрена и златна пара и различни златни приврзоци. Откако ги одзел предметите од сефот, се качил и на вториот спрат од куќата, испретурал по сите соби и од детската соба одзел еден женски часовникмарка „ Есприт“ и различен сребрен женски накит. Пријавениот предизвикал матријална штета во вкупна вредност од околу 2.200.000 денари.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај