Прилепчанец повреден во обид да спречи грабеж на дуќан

Од:

Шеесет и едногодишен прилепчанец ноќеска е повреден откако две маскирани лица се обиделе да ја ограбат продавницата во којашто работел.

Настанот се случил околу 3 часот и 30 минути по полноќ во продавницата „Забрането пушење“ на улицата „Сотка Ѓорѓиоски“ кога двајцата разбојници влегле барајќи му пари на вработениот Л.В..

Вработениот се спротиставил по што еден од разбојниците со нож го повредил во пределот на главата.

Повредениот е пренесен и задржан во Градската општа болница во Прилеп.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби