Прилепчанец осомничен за Производство и дистрибуција на детска порнографија

Од:

Основното јавно обвинителство – Прилеп започна постапка против 30-годишен прилепчанец кој се сомничи за сторено кривично дело Производство и дистрибуција на детска порнографија од чл.193-а ст.3 во врска со ст.2 од Кривичниот законик.

Според кривичната пријава доставена од МВР – Полициска станица Прилеп, за лицето постои основано сомнение дека од втората половина на 2012 година до 10.08.2016 година преку компјутерски систем набавувал за себе и поседувал детска порнографија.

Тој на социјалната мрежа Фејсбук регистрирал лажен профил со лажно име, на кој на насловната страна поставил фотографија од девојче од Република Хрватска како наводен корисник и преку тој профил остварувал електронски контакти со деца. Притоа ги намамувал да се фотографираат по долна облека и голи, да ги фотографираат интимните делови од телото и направените фотографии да му ги доставуваат преку електронска комуникација.

Фотографиите подоцна ги симнувал и ги складирал во неговите компјутери, каде што складирал и видео клипови со детска порнографија. Осомничениот во одредени ситуации со децата со кои остварувал контакти преку електронската комуникација барал да остварат и непосредни контакти со намера со истите за одредена парична награда да оствари полови дејствија.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп поднесе Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски