Прилепчанец измамил словенечка државјанка и „ќарил“ 1.600 евра

Од:

Полициската станица во Крушево до Основното Јавно обвинителство – Прилеп поднесе кривична пријава против З.А. од Прилеп поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“.

Според документираните сознанија од истрагата, пријавениот на 16. октомври минатата година престојувал во Крушево за време на манифестацијата „Ултра маратон Тоше Проески -2012“ од Нова Градишка –Крушево, и притоа се запознал со Д.И. државјанка на Република Словенија. Пријавениот, објави денеска МВР, невистинито претставувајќи се и кажал дека покрај тоа што пред пет години учествувал на маратонот, туку и дека бил еден од членовите на Организациониот одбор на маратонот, при што се „пожалил“ дека Организациониот одбор на манифестацијата се соочува со финансиски проблеми и дека неможе да ги покрие трошоците на маратонот.

Оштетената којашто била доведена во заблуда во еден момент му ставила нешто во џебот на З.А., односно му кажала дека во џебот ставила пари кои тој, според нејзината намера, требало подеднакво да ги подели на учесниците на маратонот како подарок од фановите на Тоше Проески од Словенија.

Пријавениот по средбата заминал во тоалет ги извадил парите од џебот и видел дека има 1.600 евра (11 банкноти од по 100 евра и една банкнота од 500 евра), а потоа околу 15 часот заминал од Крушево. Истиот ден се упатил во Скопје заедно со негови другари на фудбалскиот натпревар Македонија-Србија. Оштетената кога дознала дека нема такво лице во Организациониот одбор на манифестацијата и оти парите не се поделени на учесниците на маратонот веднаш побарала од директорот на Фондацијата „Тоше Проески“ да ја пријави измамата во полиција.

Пријавениот кога сфатил оти измамата е откриена, според неговиот исказ, во револт од тоа ги запалил сите банкноти евра, односно 1.600 евра. Тој се согласил да врати дел од парите, односно вратил 1.200 евра, кои со потврда за вратени предмети и се вратени на оштетената.

Би можело да ве интересира

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје