Прилепчанец и скопјанец осомничени за нелегално организирање игри на среќа и перење пари

Од:

Полицијата осомничи прилепчанец и скопјанец за организирање игри на среќа без лиценца на територијата на Прилеп на 24 уплатни места во периодот од 2007 до 2012 година со што се стекнале со противправна имотна корист од над 90 милиони денари. Освен тоа, фирмата „Депо-кору“ со седиште во Скопје,  во периодот од јуни 2011 до јануари 2012 избегнала плаќање посебна давачка пропишана со законот за игри на среќа и ја оштетила државата за 14 милиони и 400.000 денари, соопшти Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР Битола.

Полицијата против 44-годишниот прилепчанец  со иницијали З.П, одговорно лице на подружницата на фирмата „Депо-кору“ и против 44-годишниот скопјанец со иницијали И.И, управител на „Депо-кору“ поднела кривични пријави поради сомневање дека се сторени кривични дела комар, приредување игри на среќа без лиценца и за перење пари. Фирмата „Депо-кору„ се товари за  даночно затајување и приредување игри на среќа без лиценца.

Како што објаснува Стрезовски, фирмата „Депо-кору“ односно обложувалницата „Депортиво“ организирала обложување на спортски натпревари од 2007, една година пред да добие лиценца, на 11 уплатни места во Прилеп и населените места. Во 2008, покрај дозволените, отвора уште пет уплатни места, а во 2009 уште 15 уплатни места. Сите, наредната година продолжиле да работат без дозвола.

До крајот на 2010 година со дозвола биле само три места, но без лиценца до февруари 2012 продолжиле да работат уште 24 уплатни места.

Фирмата „Депо-кору“ иако имала дозвола само за посебни игри на среќа, организирала и други електронски игри (кено, трки со кучиња), а од 2010 до 2012 се поставени нелегално и 27 покер автомати.

Полицијата според документацијата и платните налози, констатирала дека  прометот на прилепчанецот му се предавал во готово. Осомничените незаконски заработиле движен и недвижен имот, пари на банкарски сметки. Од преку 90 милиони денари нелегално заработени, за прилепчанецот биле 25 милиони, а за осомничениот скопјанец 70 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он